Македонија
20. February 2021 - 20:06

Шок во Струмица: Малолетници на 13 и 14 години ја силувале, загушиле и ја ограбиле 67 годишната жена

67 годишната струмичанка која беше пронајдена мртва во нејзиниот дом била убиена. Претходно таа била силувана и ограбена. За грозоморниот чин се осомничени двајца малолетници на возраст од 13 и 14 години. Од Истрагата која траеше до раните утрински часови и од извршената обдукција било утврдено дека смртта настанaла по насилен пат, поради задушување. 

Малолетниците се пронајдени и приведени. Едниот од нив полицијата го пронашла во Струмица, а другиот во Гевгелија.

Поради основано сомнение дека се извршители на кривично дело „Убиство“, казниво по член 123 од КЗ, на 19.02.2021 година, најпрво, во Гевгелија е лишен од слобода малолетник (13 години), а потоа во Струмица малолетник (14 години). По наредба на ОС Струмица, со цел обезбедување на дополнителни докази, извршен е претрес во домовите на осомничените.- Александра Трајанова - Портпарол на СВР Струмица

Веста за грозоморниот чин ја шокираше јавноста. Исплашени за безбедноста граѓаните велат дека не паметат во минатото да имало вакви случаи.

Малолетниците со соодветен поднесок се предадени на во основното јавно обвинителство и во центарот за социјални работи во Струмица за понатамошна постапка согласно законската регулатива. Од обвинителството информираа дека во соработка со центарот и двете лица веќе се отстранети од средината во која живеат како со цел да се спречи евентуално повторување на некое вакво или слично дело.