Шок во детска градинка: На дете (6) полицијата на појасот му најде пиштол со куршуми
Полицијата во сојузната американска држава Охајо, денеска соопшти дека во една детска градинка на шестгодишно дете му запленила пиштол.
Тоа се случило откако некој го пријавил детето дека во панталоните носи нешто што делува како тежок предмет.
Полицијата од градот Коламбус во кој се наоѓа градинката, не коментираше дали пиштолот бил наполнет, но на фотографијата која е објавена, се гледаат куршуми заедно со запленетиот пиштол.
Освен тоа, полицијата соопшти дека детето нема да биде обвинето зошто е премногу младо, како и тоа дека истражува од каде го зело оружјето. Директорот на градинката Тајри Полард во писмо им соопшти на родителите дека детето „ќе се соочи со соодветна дисциплинска мерка“, но не соопшти конкретно каква.
Тој во градинката воведе правило за нулта толеранција кон оружјето и ги замоли семејствата на учениците да разговараа со нив за избегнување на оружјето и држење на истото подалеку од училиштата.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата