Живот
3. April 2019 - 11:08

Шок снимка: Среде бел ден, во сообраќајна гужва во Мексико Сити од багажник на автомобил излета врзан човек

Шокантен момент кога едно лице со врзани раце скокна од багажникот на автомобил во движење е снимен со камера.

Оваа неверојатна сцена е снимена со камера од автомобил среде Мексико Сити, а заложникот скокнал од гепекот на автомобил во движење, со врзани раце, тркалајќи се долж асфалтот.

Инцидентот се случил на 27 март, а видеото е прегледано повеќе од 45.000 пати.

Во видеото се гледа како се отвара багажникот на бел автомобил кој се движи во сообраќајна гужва, а од него излегува човек и паѓа на улицата. Додека се тркала по улицата, се гледа дека рацете му се врзани.

Во меѓувреме, возачот која ја снима целата сцена успорува и застанува покрај местото на кое лежи мажот.

Според локалните медиуми, неколку насилни инциденти се случиле во истото подрачје во последните денови и локалните власти ја засилиле безбедноста.

Не е јасно дали полицијата го истражува овој инцидент.

Моментално е нејасно дали овој човек успеал сам да го отвори багажникот од внатрешноста на автомобилот или пак неговите киднапери го отвориле откако е платен откупот.