Џет-Сет
11. January 2017 - 9:35

Шок: Првиот маж на Стоја се самоубил поради неа

Стојанка Новаковиќ, кога се појави на естрадата откри дека се омажила на свои 16 години и дека набрзо потоа станала вдовица. Но вистинската причина поради која останала сама со мало дете се уште ја крие.

Пејачката своевремено зборуваше дека првиот сопруг на Стоја по 3 години брак загинал во сообраќајна несреќа, но новинарите открија од мештаните во нејзиниот родно место Перлез дека нејзиниот прв сопруг се самоубил.

Мештаните од селото покрај Зрењанин раскажуваат дека скокнал во река во која се удавил зошто неговите родители не ја пријавиле Стоја за снајка. Ним им сметало тоа што таа била кафеанска пејачка.

-Стоја е прекрасна жена. Многу патеше поради нејзиниот прв маж. Многу се сакаа и од таа љубов се родини нивниот син. Набрзо по венчавката почнаа проблемите зошто родителите на нејзиниот маж никако не го одобруваа тој брак, вели сосед на Стоја.

Тој вели дека мажот на пејачката не сакал да живее без неа и дека поради тоа одлучил да си го одземе животот.

-Свекорот и свекрвата не сакаа да се помират со тоа дека нивниот син се ожени за кафеанска пејачка. Постојано му префрлаа и инсистираа да ја остави, вели жител на Перлез.

-Сите тргнавме во потрага по него и по неколку часа го најдовме мртов во реката. Ден по погребот низ Перлез почна да кружи приказна дека се убил зошто неговите родители за Стоја зборуваа се најлошо. За неа тоа беше голем удар зошто остана сама со мало дете. Преживеа вистински пекол, вели соговорникот.

Истото го потврдува и свештеник од ова мало место:

-Тоа беше пред многу години. Луѓето зборуваат дека се самоуби поради неа. Тешки судбини се тоа. Јас не би ја чепкал таа тема, вели свештеникот.