Живот
16. January 2019 - 21:39

Шок пресврт во приказната која го потресе светот: Децата заробени во пештерата во Тајланд биле дрогирани и врзувани со лисици, еве што се случувало

Беше тоа најголема вест на планетата - двајца британски нуркачи ги пронајдоа 12-те исчезнати деца и нивниот тренер во пештера на Тајланд, живи и здрави, откако 10 дена поминаа заробени длабоко под земја. За извлекување на заробените деца и младиот тренер беше потребна натчовечка сила, но и одредени лекови и храброст на сите вклучени во мисијата.

Истражувачкиот новинар Лијам Кокрен во својата книга го опиша чудесното спасување кое го следеше целиот свет.

Тој во книгата открива шокантни детали за операцијата за спасување. Официјалните лица на родителите на децата и на новинарите им рекоа дека нуркачите ги учеле децата да нуркаат за да ги подготват за операциајта за спасување.

Меѓутоа Лијам наводно дознал дека нуркачите не ги обучувале децата да нуркаат ниту пак имале некакви планови во тој правец. Наместо тоа, тврди тој во својата книга, тие знаеле дека единствен начин за да се спасат децата е да ги издрогираат за да можат нуркачите да ги извлечат низ тесните тунели.

Властите знаеле дека им истекува времето за спасување, зошто биле прогнозирани обилни врнежи, што додатно би ја поплавиле пештерата и би ја оневозможиле операцијата за спасување. Знаеле дека не можат да ги подготват децата за тричасовно нуркање во така краток временски период. Наместо тоа, донеле одлука на децата да им дадат коктел од три лекови. Децата потоа со лисици биле врзани за нуркачите.

Доктор Ричард Харис, кој помогнал во осмислувањето на планот, рекол дека не е сигурен дали ова ќе функционира и пред да се сложи да помогне побарал имунитет во случај нешто да тргне наопаку.

Официјалнтие лциа знаеле дека нивниот план е опасен и дека некои од децата би можеле да настрадаат, но исто така знаеле дека мораат да ризикуваат, зошто ако ништо не направеле децата во пештерата сигурно би умреле.

Чудесно, сите момчиња и нивниот тренер ја преживеаја ризичната операција за спасување.

 

Ново на Сител