Балкан
8. February 2017 - 13:24

Шок: Ненадејно почина ќерката на познатиот српски актер

Ќерката на славниот српски актер Зоран Расмиловиќ, писателката Ана Радмиловиќ почина во 43. година.

Според нејзината пријателка Љиља Басара, младата Ана почина вчера пред полноќ.

„Мојата и нашата драга и прекрасна Ана Радмиловиќ почина синоќа, 7. февруари, пред полноќ. Те сакам засекогаш“.

Ана беше ќерка на Зоран Радмиловиќ и Дина Рутиќ. Заврши глума во Нови Сад.

Работеше и во центарот за културна деконтаминација како автор на антидискриминаторски проекти.

Работела и како новинар и известувач од Косово и Метохија, а била ангажирана и како координатор за култура во Канцеларијата на Косово и Метохија на Владата на Србија.