Живот
2. March 2018 - 9:49

Шок на аеродром: Маж ја прескокна оградата и падна од 2. кат

Еден маж ја прескокнал оградата на вториот кат од Меѓународниот аеродром во Атланта и паднал на подот, при што се здобил со тешки телесни повреди.

Тој настан го снимија камерите и како што се наведува, тој пред тоа се скарал со друг патник. Бил видно нервозен, напомена Рис Мекрејни, дикректорка за комуникации на аеродромот.

Од управата на аеродромот соопштија дека изгледало као мажот да бил пијан зошто ги малтретирал другите патници пред барот. 

Кога скокнал, обезбедувањето брзо стигнало на самото место.