Живот
8. November 2017 - 16:02

Шок и неверување: Џиновска скулптура се појави на врв на планина, внимание привлекува нејзината форма

Мистериозна скулптура во облик на пенис дефинитивно не е нешто што очекувате да пронајдете додека планинарите.

Статуата, повисока од еден метар, се наоѓа на еден алпски врв во Долна Австрија на височина од 1.893 метри.

Ја откри извесна блогерка Марика Рот. „Мислам дека имаме нова маскота“, напиша таа.

Фотографијата од дрвениот пенис ги обиколи социјалните мрежи, но и натаму не  е познато кој стои за овој уметнички потфат и како воопшто бил наместен на оваа височина.