Балкан
1. December 2017 - 9:42

Шок фотoграфии од Хаг: Хрват објави слики од хаосот по труењето на Парљак: Се беше парализирано, а амбасадорката се тресеше

Еуген Јаковиќ беше на изрекувањето на пресудата на Слободан Праљак. Тој на својот Фејсбук објави фотографии кои настанале откако Праљак се отру. Јаковиќ рекол дека во судот владеел целосен хаос, и дека било се парализирано, а хрватската амбасадорка се тресела.
 
- Се трудам да ги соберам впецатоците од пресудата на Праљак, но не ми оди. Се уште во глава не ми оди дека Слободан испи отров веднаш по изрекувањето на пресудата од 20 години затвор. Колешката која седеше во судницата до мене и реков: „ Кажи ми дека сонувам“. 
 
Хоасот кој се случи во Трибуналот е неверојатен за една ваква институација. 
 
Сите служби беа целосно парализирани. Им требаше повеќе од еден час Парљак да го префрлат во болницата која беше одалечена само 10 минути.