Живот
26. јуни 2016 - 11:49

Шок, човекот го оплакуваа, па го погребаа а потоа тој им се појави на врата

Полицијата го прогласи за мртов, и телото им го предаде на семејството кое го бараше цели четири години. Но тука не заврши оваа семејна драма.

Ма Ји од Кина исчезна 2009 година и по повеќегодишна истрага полицијата на семејството во 2012 година му соопшти дека неговото тело е пронајдено и дека тој загинал во сообраќајна несреќа.

Бидејќи била невозможна идентификацијта, полицијата направила ДНК анализа, со која е утврдено дека починатиот навистина е Ма Ји, а потоа телото им го предала за погреб на семејството.

Тие со години живееле со болка, убедени дека Ма Ји настрадал и дека го нема повеќе, а потоа во декември минатата година им дошол на вратата од семејниот дом.

Се утврдило дека несреќниот човек го киднапирале во 2009 година и го испратиле на принудна работа во фабрика во другиот дел од земјата. Кога здравствената состојба му се влошила, Ма Ји кој неколку години работел како роб бил исфрлен на улица. Со денови лутал и барал од минувачите да му помогнат, а потоа завршил во прифатилиште каде се обидувал да ги убеди вработените дека е киднапиран и барал да го вратат во неговиот роден град. Надлежните на почетокот не му верувале, но подоцна го контактирале семејството.

Ма Ји е вратен дома, но и натаму останува нејасно чии остатоци семејството кремирало и закопало во 2012 година.

Полицијата повторно ја отвори истрагата, но до денеска не е утврдено ништо.