Свет
22. February 2017 - 11:49

Шојгу: Руските ВВС елиминирале над 3.000 милитанти во Сирија

Руските ВВС елиминирале во Сирија повеќе од 3.000 милитанти меѓу кои и 26 команданти, изјави денеска министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Авионите на руските сили извршиле над 1.700 напади од почетокот на оепрацијата.

Москва е вклучена во антитерористичката кампања во Сирија од 30 септември 2015 година, по барање на сирискиот претседател Башар ал Асад.