Свет
27. July 2016 - 17:43

Шојгу: Русија го зајакнува југозападното крило поради зголеменото присуство на НАТО во Украина

Русија го зајакнува југозападното крило, поради засиленото присуство на НАТО во пограничниот дел и нестабилната состојба во соседна Украина, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. 

-Руското Министерство за одбрана презема соодветни мерки за реакција во врска со подобрувањето на воено-политичката состојба на југозападното крило како резултат на зголеменото воено присуство на НАТО во Источна Европа, ситуацијата во Украина и активностите на меѓународните терористички групи, вклучително и во северен Кавказ, истакна Шојгу. 

Од 2013 година ние формиравме четири девизии, девет бригади и 22 полкови, вклучително две ракетни бригади, вооружени со ракетни комплекси „Искандер“, кои ни помогнаа да ја зајакнеме огнената моќ за уништувањето на потенцијалниот противник, додаде рускиот министер за одбрана.