Шојгу: Пилотот пристигна во руската база жив и здрав
Еден од двајцата пилоти кои се катапултираа од рускиот авион, што го собори турската војска, го спасија сириските и руските сили и тој е сега безбеден, изјави денеска министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
- Операцијата успешно заврши. Пилотот е доведен во нашата база. Жив и здрав, потенцира рускиот министер за одбрана.
Тој истакна дека операцијата за спасување траела 12 часа и се заблагодари на сите кои цела ноќ работеле на тоа, со големи ризици.
Другиот пилот е повреден додека се спуштал авионот, а потоа е убиен од страна на џихадистите во регионот, изјави денеска рускиот амбасадор во Франција, Александар Орлов.
- Кога авионот е соборен, двата пилоти се катапултирале од леталото, од кои едниот најпрво е повреден кога се спуштил со подоборанот, а потоа на земја дивјачки е убиен од страна на џихадистите од регионот, рече Орлов во изјава за радио „Ероп 1“.
Турција вчера наутро собори руски воен авион на границата со Сирија бидејќи, како што тврди турската војска, го повредил воздушниот простор на Турција иако повеќепати бил предупреден, додека руското Министерство за одбрана истакнува дека рускиот авион не го нарушил турскиот воздушен простор.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка