Свет
22. December 2016 - 14:38

Шојгу: Операцијата на руските сили во Сирија спречи распад на државата

Операцијата на руските сили во Сирија спречила распад на државата, изјави денеска рускиот министер за одбрана, Сереј Шојгу.

Тој нагласи дека во руските воздушни удари биле ликвидирани 35.000 борци, меѓу кои и 204 команданти. Од почетокот на операцијата уништени се 71.000 инфраструктури користени од терористите, уништени се и 725 кампови за обука, 1.500 единици воена техника.

Министерот додаде дека од терористичките групи се запленети 408 тенкови и друга оклопна механизација и оружје.

Според Шојгу, благодарение на руската воена интервенција спречени се револуции во голем број држави во регионот.

Министерот тврди дека по операцијата на руските сили во Сирија е почнат процес за политичко решавање на конфликтот.

- Кон режимот за прекин на огнот се придодале 1.074 населени места во Сирија во кои живеат околу три милиони жители, а 9.000 борци предале оружје, изјави Шојгу.