Бизнис
16. January 2016 - 15:38

Шојбле предлага воведување „имигрантска“ акциза на бензините

Германкиот министер за финансии Војфгагнг Шојбле предложи воведување европска акциза на бензините, со што би се прибрале дополнителни средстава за покривање на трошоците предизвикани со бегалската криза во ЕУ.

- Ако средствата во националните буџети и во европскиот биџет не бидат довони, тогаш би можеле да се договриме на пример за зголемување на акцизите на литар бензин, рече Шојбле во интервју за денешниот број на весникот „Зидојче Цајтунг“.

Шојбле нагалси дека ако за тоа не постои согласност меѓу сите земји-членки на ЕУ, тогаш би можела да биде формирана „коалиција на добра волја“ на држави кои би прифатиле една ваква мерка.  

Според него, на овој начин би се обезбедиле средства на европско ниво за покривање на трошоците за сместување на бегалците. 

Шојбле во интервјуто предлага и зголемување на бројот на полициски патроли низ германските улици, како и вклучување на армијата во гарантирањето на сигурноста на земјата.