Шојбле оценува дека обвинувањата против Германија се небулозни
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле остро одовори на обвинувањата на дел од британскиот печат, според кои Германија е деструктивна економија со нечесни намери којашто ја поткопува стабилноста на Европската Унија.
Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, во интервју за телевизијата Си-Ен-Би-Си запрашан за медиумските обвинувања дека неговата земја работи само за својот профит и ги игнорира интересите на своите партнери, германскиот министер одговорил со невообичаено приземен вокабулар.
- Има автори, дури и во Велика Британија кои што, со цела почит, пишуваат гомненици, изјавил Шојбле, пренесуваат германските медиуми.
Шојбле смета дека обвинувањата против Германија според кои таа е најголема закана за глобалната економија се неточни и неприфатливи за него.
Претходно, Шојбле ги отфрли и обвинувањата од Вашингтон од каде Германија беше обвинета дека ги злоупотребува трговските односи во ЕУ за исполнување на своите интереси, а новата админситрација се закани дека ќе воведе нови царини за германските производи кои преку Мексико и трети земји доаѓаат на американскиот пазар.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето