Шојбле контра Меркел во судирот со баварската ЦСУ
Германскиот министер за финансии и еден од кандидатите за канцеларската позиција доколку Ангела Меркел одлучи да не се кандидира за уште еден мандат, Волфганг Шојбле, застана контра својата партиска шефица во судирот со сестринската баварска партија ЦСУ.
Баварската Христијанско Социјална Унија, која што на федерално ниво настапува како една партија со ЦДУ на Меркел бара владата во Берлин да постави рамка од 200 илјади бегалци коишто годишно можат да влезат во земјата. На барањето се спротивставија неколку блиски соработници на Меркел, но не и Шојбле кој јавно го одбрани лидерот на ЦСУ Хорст Зехофер.
„Шокиран сум од инсинуациите дека баварскиот премиер Зехофер е против достоинствен третман на бегалците. Во Баварија има помалку напади од крајната десница на бегалците од која било друга покраина“, изјави Шојбле за весникиот „Виртшафтвохе“ (Неделна Економија), пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Шојбле, кој е еден од најпопуларните германски политичари, минатата недела одби да одговори дали ќе се кандидира за канцелар или за претседател на Германија, иронично упатувајќи го новинарите да го прашаат „дали сака да биде папа“.
Судирот меѓу баварската ЦСУ и сестринската ЦДУ теоретски може да предизвика владина криза по федералните избори идниот септември доколку поради политиката за бегалците продолжи трендот на пад на рејтингот на партиите од големата коалиција (ЦДУ/ЦСУ и СПД) и пораст на популарноста на националистичката АФД.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација