Балкан
11. May 2017 - 12:59

Шојбле: Грција е пример за земја што сака да остане во еврозоната

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во интервју за италијанскиот весник „Република“ ја даде Грција како пример за земја што сака да остане во еврозоната, пишува „Њуз.ин“. 

- Ако една земја не сака да излезе од еврозоната, тогаш таа треба да изврши структирни промени, како Грција, нагласи Шојбле, пренесува БТА.

Тој истакна дека спасителните програми, усвоени поради кризата во Грција, Португалија, Кипар, Шпанија и Ирска, биле објект на многу критики, но сепак давале резултати. 

Прашан при интервјуто, дали бил грешка неговиот предлог Грција времено да излезе од еврозоната во текот на драматичниот месец јули во 2015 година, германскиот министер за финансии објасни: го знаете ли она што го кажа италијанскиот министер Пиер Карло Падоан, дека повеќето министри за финансии беа убедени дека е подобро Грција времено да излезе од еврозоната. Но Грција беше таа, што се одлучи за нешто поразлично. Сега вложуваме напори за третата спасувачка програма за земјата да биде успешна.