Свет
9. July 2016 - 10:22

Шојбле бара брза акција од Брисел по брегзит за да нема еаскалација

Резултатите од брегзит не значат дека автоматски ќе следува демино ефект, но Брисел треба брзо да дејствува за да не се продлабочи кризата на доверба, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во интервју за Аугсбургер алгемајне.

– Британците ќе ни недостигаат, но и без Британија ЕУ ќе продолжи да постои бидејќи ЕУ останува вистински одговор за глобализацијата. Поединечно европските држави се премали за да решаваат меѓународни прашања, а тоа се однесува и за Германија, нагласува Шојбле.

– Не смееме да дозволиме брегзит да прерасне во пожар, додаде германскиот министер за финансии.