Балкан
14. August 2020 - 15:09

Шоферите на камиони можат да влезат во Грција без ПЦР-тест

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Богородица“, од страна на грчката гранична служба од граничниот премин „Евзони“ се добиени дополнителни информации за новиот протокол за влез во Грција на граничниот премин „Евзони“. 

За влез во Грција на граничниот премин „Евзони“, кој стартува на 17.08.2020,  не e потребен негативен PCR тест само за возачи на товарни моторни возила.