Шмит од денеска и официјално е висок меѓународен претставник во БиХ
Германскиот политичар Кристијан Шмит од денеска ја презема функцијата висок меѓународен претставник за Босна и Херцеговина, на местото на Австриецот Валентин Инцко, кој ја извршуваше функцијата во последните 12 години.
Шмит вчера пристигна во Сараево, каде што се наоѓа неговата канцеларија.
Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) е ад хок меѓународна институција одговорна за надзор над спроведувањето на цивилните аспекти на Мировниот договор од 1995 година, со кој заврши војната во Босна и Херцеговина.
Според Анекс 10 од Општиот рамковен договор за мир, ОХР има статус на дипломатска мисија во Босна и Херцеговина.
Високиот претставник, исто така, има овластување да наметнува закони, таканаречени „бонски овластувања“, но целта е да се користат што е можно помалку и да се стимулираат домашните политичари да бараат решенија. На тој начин, домашните институции се подготвуваат за еден ден земјата да излезе од меѓународен надзор.
Но, 26 години по завршувањето на војната во БиХ, најголема во Европа од Втората светска војна, во која загинаа 100.000 луѓе, вклучително и геноцидот во Сребреница, демократијата во таа земја е се уште кревка: воените злосторници се уште се слават како херои, законот е на ниско ниво, додека корупцијата го еродира општеството во целина, коментира Ал Џезира Балкан.
Во пресрет на неговото пристигнување во БиХ, искусниот германски политичар рече дека изминатите десет години во таа земја биле обележани со постојано назадување и дека таквиот тренд мора да се промени, а меѓународната заедница мора активно да учествува во него. Тој откри дека предлогот тој да стане висок претставник во БиХ е директна идеја на многу влијателната германска канцеларка Ангела Меркел. Европската унија, поддржана од Вашингтон по победата на Џо Бајден на претседателските избори минатата година во САД, прави дополнителни напори за Западен Балкан, каде претензии имаат и другите светски сили, како Русија и Кина, посочува Ал Џезира Балкан.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка