Loading Video...
Спорт плус
26. January 2019 - 14:23

Шмидхофер најдобра во Супер-џи во Гармиш-Партенкирхен.

Австријката, Никол Шмидхофер е победничка на Супер-велеслаломската трка од Светскиот куп, што се одржа во Гармиш-Партенкирхен. 
 
До својот трет триумф сезонава, прв во Супер-џи, Австријката стигна со 23 стотинки побрзо време од Италијанката, Софија Гоџа, односно 45 стотинки побрзо од трето пласираната Лара Гут од Швајцарија. 
 
Водечката во Светскиот куп и лидер во оваа дисциплина,  Микаела Шифрин (САД), не настапи на денешната трка, но Американката и натаму е убедливо прва во трката за големиот кристален глобус, како и супер-велеслаломската конкуренција. 
 
Шифрин во генералниот поредок има 1.494 поени, а по неа следуваат Петра Влхова (Чешка) со 898 поени, Венди Холденер (Швајцарија) со 637.  Во Супер-џи, Шифрин останува на 300 поени, пред Тина Вајратер (Лихтенштајн) со 268.