-->
-->
Шкупи ги симна „академците“ од 4. место
-->
Екипата на Шкупи направи значаен пробив во горниот дел од табелата во Првата МФЛ откако убедливо со 5-2 ја совлада Академија Пандев во рамките на 19-тото, прво пролетно коло.
Мечот беше решен уште во првите 20-тина минути од натпреварот кога Блаже Илијоски со 3 гола блесна во дебито во својот нов клуб.
Откако Стоилов го постигна почесниот погодок за гостите од Струмица на Илијоски му се укажа шанса да постигна и 4. погодок но не успеа да го реализира ударот од белата точка.
Сепак Јашароски зголемува на 4-1 за да на спротивната страна италијанскиот интернационалец Грифони ублажи на 4-2.
Конечните 5-2 ги постави младиот Стојкоски.
Со оваа победа Шкупи сега има 26 бода и изби на 4. позиција на табелата пред Академија Пандев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата