Шкотски министер поднесе оставка поради „несоодветно однесување“
Шкотскиот министер за грижа за децата Марк Мекдоналд поднесе оставка на функцијата, откако призна дека се „однесувал несоодветно“.
Во сопштението во кое ја информира јавноста за оставката, Мекдоналд упати извинување до „сите што ги вознемирил“ и до оние кои „неговото однесување го сметале за несоодветно“.
- Некои од моите преходни постаки се сметаат за несоодветни, иако верував дека тоа беа шеги или пријателско однесување. Моето однесување можеби другите го сметале за нессодветно или ги поттикнало да се запрашаат околу моите намери, наведе Мекдоналд.
Мекдоналд е втор висок функционер во Велика Британија кој поднесува оставка поради сексуално вознемирување.
Во средата оставка поднесе и британскиот министер за одбрана Мајкл Фелон, затоа што „неговото однесување во минатот било под виските стандарди, што се очекуваат со неговата функција“.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово