-->
-->
Шкотска нов предизвик за македонските млади фудбалери
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година вечерва од 20:30 часот (пренос СИТЕЛ 3) го игра еден решвачките дуели за пласман на едно од првите две места во групата 3 од квалификациите за Европското првенство 2017. Македонија гостува кај Шкотска, селекција против која двапати ќе играме во последните три кола. Избраниците на селекторот Благоја Милевски се наоѓаат на третото место во групата со 12 бода, колку што има и Исланд, додека лидер е Франција.
Но, нашата репрезентација на последните три гостувања освои седум бодови и нема пораз со две победи и нерешен резултат против Франција.
- Не очекува тежок натпревар како и секое гостување во групата. Но, ние сме добро подготвени и ќе дадеме се од себе и како на претходните натпревари, ако може да се вратиме со победа. Атмосферата е добра и веруваме во себе и се надеваме дека на крајот ќе освоиме едно од првите две места, изјави репрезентативецот Ѓоко Зајков.
За овој натпревар селекторот Милевски неможе да смета на повредениот Виктор Ангелов.
Покрај дуелот Шкотска – Македонија, денеска се играат и другите два од групата 3: Северна Ирска – Исланд и Украина – Франција.
Табела: Франција 14 бодови, Исланд 12, Македонија 12, Шкотска 8, Украина 4, Северна Ирска 1.
фото: www.ffm.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите