Бизнис
14. March 2016 - 8:29

Школа за иновации и претприемништво

Школа за иновации и претприемништво организира денеска Делчево Центарот за развој на Источен плански регион.

Целта на школата е да ги охрабри и зацврсти претприемничките мисли и дела на жителите на Источниот плански регион. Ќе бидат опфатени теми за концепт на претприемништво, лични вештини и алатки за планирање на бизнисот, за оценка на опкружување и области за иновации и за алатки и вештини за мобилизирање на средства од расположивите програми.

Школата е дел од проектот „Формирање бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ кој што е технички и финансиски помогнат од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).

Најавени се предавања од успешни претприемачи од Гешталт Солушнс, СИ Комуникејшн, ЗБК Креација и надворешни консултанти и експерти со долгогодишно искуство од областа на иновациите и претприемништвото.