Шкода попопуларна од Мерцедес на интернет
Деновиве се објавени резултатите од интересна студија кои покажуваат дека чешката марка има голем број фанови на интернет, а нејзините нови модели се исчекуваат со повеќе внимание од оние на популарните марки како што се Mercedes-Benz и Renault.
Истражувањето на компанијата ТНС покажало дека последната генерација на Škoda Superb предизвикала поголемо внимание кај корисниците на интернет од премиерата на луксузните SUV модели на Mercedes-Benz.
Се разбира, не треба да се констатира дека тоа е случајно, бидејќи Škoda е активно насочена кон корисниците на дигитални медиуми за споделување вести за своите иновации, а во овие рамки често се нуди и бесплатно тест возење со цел да допре до поголем број на клиенти, но и до коментари на социјалните мрежи и интернет страниците.
Како што покажува истражувањето на ТНС, промоцијата на Škoda на нови технологии како полу-автономно возење, привлекла најголем број на интернет корисници, додека Mercedes со нивниот модел GLE има нешто помалку прегледи. Најголемо внимание Mercedes постигнал со појавувањето во трејлерот за филмот Jurassic World.
Францускиот Renault со новиот кросовер Kadjar смело влезе во конкурентниот SUV сегмент и е на третото место на оваа листа, додека нивниот Espace e на четвртото.
Компанијата ТНС во текот на истражувањето селдела блогови, форуми и социјални мрежи на кои одбрала 3.000 „влијателни корисници на дигиталните медиуми“, луѓе од Германија, Велика Британија, Франција и Шпанија, кои се интернет постирале релевантни содржини, активно коментирале и имаше силна социјално-медиумска моќ“, се вели во соопштението.
Ова е листата на најкоментирани нови модели на автомобили на интернет во месец јуни:
1. Skoda Superb 8.1%
2. Mercedes GLE 5,9%
3. Renault Kadjar 5,8%
4. Renault Espace 4,8%
5. Mercedes GLC 4,6%
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж