Loading Video...
Фудбал
10. March 2019 - 16:32

Шкендија загуби од Шкупи, а Силекс ја совлада Победа

Шампионот Шкендија загуби на гостувањето во Чаир од Шкупи со 1-0. Победа на домашен терен со ист резултат (1-0) оствари и Силекс кој во Кратово со голот на Дарко Алексовски во 65.минут од пенал ја совлада Победа. 
 
На дуелите во Тетово и Струмица немаше голови, односно средбите Ренова - Македонија Ѓ.П и Беласица – Вардар завршија 0-0.
 
Единствениот триумф за гостите го оствари Академија Пандев која во Скопје го победи Работнички со 2-1 во најефикасниот меч од оваа рунда. 
 
 

Резултати  и табелапо одиграното 22.коло    

РЕНОВА - МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 0-0
БЕЛАСИЦА – ВАРДАР 0-0
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1-0
РАБОТНИЧКИ - АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ  1-2
СИЛЕКС – ПОБЕДА 1-0

ТАБЕЛА  
1. Шкендија 47 бодови, 
2. Академија Пандев 39, 
3. Вардар 39, 
4. Шкупи 33, 
5. Работнички 31, 
6. Ренова 27, 
7. Силекс 24, 
8. Македонија ЃП 23, 
9. Беласица 19, 
10. Победа 18.