Фудбал
24. September 2016 - 17:53

Шкендија со пресврт го победи Работнички

 Екипата на Шкендија со пресврт во вториот дел го победи Работнички.
 
Во првиот натпревар од 7.коло на Првата македонска фудбалска лига одигран попладнево на стадионот во Ѓорче Петров иако Работнички имаше предност по првото полувреме, сепак тетовската екипа во вториот дел од натпреварот имаше комплетен резултатски пресврт и го доби мечот со 3:1.
 
Работнички поведе со голот на Нехар Садики во 34-минута. Во вториот полувреме Бесарт Ибраими постигна два гола за тетовци (56 и 85-минута), а во листата на стрелци се запиша и Виктор Јуфо (73).
 
Утре со почеток од 15.30 часот ќе стартуваат преостанатите четири натпревари од ова коло во кои ќе играат: Брегалница – Шкупи, Македонија ЃП – Победа, Пелистер – Силекс и Ренова – Вардар.
 
Табела: Вардар 16 бодови, Шкендија 13, Работнички 12, Пелистер 10, Ренова 9, Силекс 8, Шкупи 5 (-1 натпревар помалку), Победа 4, Брегалница 3 и Македонија ЃП 2.