Loading Video...
Фудбал
10. July 2019 - 15:22

Шкендија со победа ја отвора сезоната на македонските екипи на европската сцена

Македонскиот првак Шкендија со победа ја отвори  годинашната сезона на нашите претставници на европската фудбалска сцена 
 
Тетовци на гостувањето во Талин, Естонија, го победија тимот на Номе Калју со 1:0. 
 
Стрелец на единствениот гол на мечот беше Агим Ибраими во 81.минута од пенал. 
 
Во првиот дел односно 33.минута Марјан Радески пропушти шанса за гол, откако неговиот обид со глава од 5.метри заврши во пречката од голот на домашниот тим.
 
Реваншот во Скопје ќе се игра на 16 јули на арената „Тодор Проевски“ со почеток од 17 часот 
 
Доколку Тетовци успеат да ја минат првата пречка, во 2.коло за противник ќе го имаат најверојатно шкотскиот великан Селтик кој во првиот меч на гостувањето кај Сараево забележа победа со 3:1 
 
Утре (четврток) трите наши претставници во Лига Европа, Академија Пандев, Македонија ЃП и Шкупи ќе ги одиграат првите средби од првото квалификациско коло.