Фудбал
17. September 2020 - 19:53

Шкендија се пласираше во 3.коло од квалификациите за ЛЕ

Тетовска Шкендија забележа победа на гостувањето во Романија кај Ботошани со 0:1 и се пласираше во третата рунда од квалификациите за Лигата на Европа.

Македонскиот претставник во второто по квалитет натпреварување во Европа уште во третата минута до отвори резултатот, а стрелец на голот беше Бесарт Ибраими со убав удар од далечина.

Романците одиграа добар натпревар и имаа неколку добри шанси, но Костадин Захов спаси неколку удари на домаќините.

Шкендија од 67. минута играше и со играч помалку, откако Арменд Алими доби втор жолт и автоматски црвен картон, но и со играч помалку тетовскиот тим успеа да ја задржи предноста.

Шкендија во 3. коло го чека подобриот од дуелот меѓу Локомотив Пловдив и Тотенхем.