Фудбал
3. August 2017 - 19:13

Шкендија се пласира во плејофот за Лига Европа

Шкендија обезбеди пласман во плејофот за Лига Европа. 
 
Тетовци во реванш дуелот од 3.коло со 3-0 ја победија литванската екипа Тракаи, со што ја анулираа негативата од 1-2 по првиот меч. 
 
Головите за Шкендија ги постигнаа Бесарт Ибраими  во (29.минута) и два постигна Ферхан Хасани (42 и 88).
 
Сега Шкендија заедно со Вардар ќе ја очекуваат утрешната ждрепка во Нион, по која ќе ги дознаа своите противници за плејоф рундата која е на програмата е на 17 и 24 август