Loading Video...
Фудбал
16. July 2018 - 18:07

Шкендија, Работнички и Шкупи утре, а Вардар ќе игра во четврток

Македонските претставници на европската сцена од утре до четврток ги очекуваат реванш дуелите од првото квалификациско коло.
 
Утре не очекуваат три натпревари. 
 
Македонскиот првак Шкендија на гостувањето во Велс ќе треба само рутинирано да ја одржи предноста од 5-0 против ТНС по првиот меч од Лигата на шампионите. 
 
Во Лига Европа. Со минимална предност од 2-1 остварена на средбата во Скопје, Работнички утре во Будимпешта гостува кај Хонвед во меч кој ќе започне до 18 часот. 
 
А, пет минути порано (17:55 часот) на арената „Филип Втори“ во Скопје, фудбалерите на Шкупи ќе се обидат да направат големо изненадување против реномираниот Глазгов Ренџерс кој на првиот натпревар забележа победа со 2:0. 
 
Првата квалификациска рунда ќе ја заокружи Вардар со реваншот против ерменски Пјуник од кого во Ереван загуби со 1:0, па во дуелот закажан за во четврток од 19 часот на „Филип Втори“, вардарци ќе се обидат да ја надополнат негативата и да минат во следната рунда.