Фудбал
2. March 2016 - 19:37

Шкендија пред пласман во финалето на Купот на Македонија

Двата први полуфинални натпревари од Купот на Македонија се одиграа попладнево, а предност оствари тетовска Шкендија која славеше на гостувањето кај Хоризонт Турново, додека Брегалница и Работнички во Кочани одиграа нерешено.

Шкендија поведе со голот на Бесарт Ибраими во 10.минута, а конечните 0:2 на овој дуел ги постави Марјан Радески во 51.минута.

Брегалница со голот на Ангел Нацев во 63.минута поведе против бранителот на трофејот во Купот (Работнички), додека Марјан Алтипармаковски изедначи од пенал во 72.минута. Во финишот на дуелот Брегалница постигна и втор гол, но поради недозволена позиција беше поништен.

Реванш натпреварите од полуфиналето на Купот на Македонија ќе се одиграат на 13.април.