Фудбал
17. May 2016 - 0:46

Шкендија го освои првиот куп пехар

Фудбалерите на Шкендија го освоија трофејот наменет за победникот на Купот на Македонија, откако во финалето го совладаа Работнички со 2:0 (1:0). Шкендија успеа во своето трето финале да ја освои првата титула, додека Работнички стана на четири трофеи во купот.
 
Финалниот меч кој се одигра на „Филип Втори“, на теренот, понуди содржаен натпревар со два гола и неколку нереализирани шанси на двете страни, а на трибините неколку инциденти кои ги предзвикаа навивачите на тетовскиот клуб.
 
Најпрвин пред почетокто на мечот тие ја исвиркаа македонската химна, а во второто полувреме со пиротехника предизвикаа мал прекин на натпреварот.
 
На теренот, Шкендија тргана порешително од стартот и таквиот пристап им донесе резултат веќе во седмата минута кога по ударот на Ибраими, н одбиената топка натрча Радески и погоди за 1:0.
 
Во првото полувреме Работнички се закани преку Алтипармаковски и Галиќ, а Шкендија имаше можност да ја зголеми предноста преку Радески и Цуцули, односно Жуниор.
 
Слично како и во првиот дел и на стартот од второто полувреме, први се заканија фудбалерите на Шкендија и тоа преку Жуниор. На 20 минути до крајот нова закана кон голот на Работнички стигна од Радески.
 
Финишот му припадна на Работнички кој тргна со сите сили по израмнување, една шанса не реализира Алтипармаковски, потоа Најденов се обиде од далечина, а најблиску до постигнување на гол беше Маркоски кој во последната минута со глава ја погоди гредата.
 
Кога Работнички сос ите сили трга кон голот на Шкендија, во 95.минута екипата од Тетово одработи молскавичен контранапад кој со гол го заврши Жуниор.