Loading Video...
Фудбал
24. November 2019 - 19:54

Шкендија го искористи киксот на Вардар и А.Пандев

Фудбалерите на Вардар по цели 600 минути примија гол на Арената Тоше Проески што беше доволно да загубат два драгоцени бода во битката за титулата. Црвено-црните имаа повеќе од играта на мечот со Шкупи и го отворија резултатот уште во 15м со погодокот на Бразилецот Жуниор. 

По неколкуте неискористени шанси стигна казната во 71м кога Диак стрелаше прецизно и го израмни резултато на конечни 1-1. 

Ова го искористи шампионот Шкендија и со убедлива победа од 6-1 над градскиот ривал Ренова  ја намали бодовната предност на големиот ривал.  Имери, Алими и Бесарт Ибраими донесоа високо водство од 3-0 до 54м.  Десет минути подоцна Агим Ибраими од пенал зголемува на 4-0 а до крајот на средбата во листата на стрелците се запишаа уште  Фазли и Тотре. 

Кикс и на Академија Пандев пред својата публика во дуелот со Струга Трим Лум кој заврши без победник 1-1. 

Струмичани од 68 минута водеа со 1-0 со погодокот на Марко Рајковиќ но дозволија во 93м  Дејан Цветановски да израмни на 1-1 што беше и конечен резултат на овој меч. 

ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА

Македонија ЃП- Работнички 2-0

Борец – Силекс  0-0

Шкендија – Ренова   6-1

А. Пандев – Струга ТЛ   1-1

Вардар – Шкупи   1-1