Фудбал
18. August 2017 - 7:49

Шкендија декласирана на гостувањето кај Милан

Македонски вицепрвак тетовска Шкендија претрпе убедлив пораз на гостувањето кај Милан во првиот меч од плејофот за Лига Европа, 

На средбата одиграна на стадионот „Сан Сиро“ домашните фудбалери на Милан доминираа во текот на целиот меч, па како резултат на таквата игра „росо-нерите“ забележа победа со 6:0. 

По два гола за Милан постигнаа, Андре Силва (13 и 28 минута) и Монтоливо (25 и 85), а во листата на стрелци се запишаа и Борини (67) и Антонели (68).

Реванш натпреварот меѓу Шкандија и Милан ќе се играат следниот четврток (24 август). во Скопје