Loading Video...
Спорт плус
15. November 2019 - 19:57

ШК Алкалоид убедливо го надигра чешкиот првак Џоли Лиза

Уште една убедлива победа на македонскиот шаховски првак Алкалоид на Европскиот клупски куп во Улцињ. 

Со резултат 5-1 совладан е првакот на Чешка Џоли Лиза над Лабем за кој настапува поранешниот европски првак Пономарјов. 
Токму партијата на Мамедјаров на првата табла со Пономарјов предизвика најголем интерес и заврши со победа на шахистот на фармацевтите Мамедјаров. 
Цели поени освоија уште и Андрејкин, Инаркиев и Ковалев додека со реми завршија партиите на Шанкланд и Криворучко. 
Клупскиот куп завршува на 17. ноември а Алкалоид досега во 6 кола има пет победи и еден пораз. 
Со оваа победа  ШК Алкалоид се искачи на второто место на табелата со 10 бода и најверојатно за првото место ќе решава со италијанскиот претставник  Падова во чии редови настапуваат Адамс и Леко.