Loading Video...
Спорт плус
17. November 2019 - 19:40

ШК Алкалоид 4-ти во Европа

Уште еден одличен резултат на македонскиот шаховски првак Алкалоид на Европскиот куп во Улцињ Црна Гора. Освоено четвртото место во  силна конкуренција во која фармацевтите во последното коло ја испуштија шансата за втора европска титула. 

Алкалоид уште еднаш потврди дека има тим за највисоки дострели и до последното седмо коло беше во трка за медал но и со шанса за европскиот трофеј кој на крајот им припадна на шахистите на Падова кои токму во последното коло го совладаа македонскиот првак. 

Алкалоид на ова првенство забележа 5 победи и два порази  и  особено доминираше  со убедливи победи против неколку силни екипи од Чешка, Швајцарија и Србија. 

велемајсторот Мамедјаров со три победи и две реми освои златен медал за најдобар личен резултат на првата табла. Ковалев беше сребрен со постигнувања на шестата табла. 

Покрај бројната интернационална екипа  на шампионатот за Алкалоид настапија и нашите шахисти  Трајко Недев и  Филип Панчевски.