Ракомет
25. April 2016 - 8:54

Шишкарев со најубав гол на колото, навивачите на Вардар со признание

По одигрувањето на првите натпревари од 1/4 финалето од Лигата на шампионите беше избрана и најдобрата „седморка“. Во изборот на ehftv нема ниту еден играч од редовите на македонскиот првак Вардар.

Но, затоа двајца се најдоа во изборот за најубави голови. Данил Шишкарев е со број 1, а Тимур Дибиров како број 3. Видеоото погледнете го тука.
Ehftv во изборот за најдобар навивач ги прогласи навивачите на Вардар, кој и на дуелот со Веспрем направија одлична атмосфера. Видеото погледнете го на овој линк.
 
Најдобра „седморка“:
лево крило - Доминик Клајн (Кил)
лев бек - Микел Хансен (ПСЖ)
среден бек - Арон Палмарсон (Веспрем)
десен бек - Холгер Гландорф (Флензбург)
десно крило - Лик Абало (ПСЖ)
пикер - Игор Вори (ПСЖ)
голман - Никлас Ландин (Кил).