Ширењето на тревата „Хилманова паника” ги „проголтува куќите“ во с. Лесби
Лијана Глори, жителка на селото Лесби во австралиската држава Викторија, стравува дека веќе ја изгубила битката против тревата која буквално ѝ ја голта куќата.
Станува збор за егзотичната билка наречена „Хилманова паника”, која полека но сигурно го презема ова мало место. Тревата до таа мерка го обиколила домаќинството, што Глорија вели дека изгледа како да има сопствен ум. Безбројните обиди да се уништи ова растение паднале во вода, така што тревата моментално допира до лицето на Лијана. Со оглед на тоа дека е многу сува, ветерот лесно ја разнесува. Сноповите трева цело време се собираат, и со време стануваат се потешки.
„Мојата ќерка и јас буквално моравме да се пробиваме низ тревата за да дојдеме до кантите за ѓубре. Само расте и расте. Понекогаш не можам да ја користам главната врата на куќата. Има толку многу трева, невозможно е да се излезе”, вели загрозената жена. Ширењето на „Хилмановата паника” толку напредувало, што е затворен и главниот селски пат, а жителите побарале помош на социјалните мрежи.
„Во текот на сушната сезона тревата пука и се ослободува семе кое ветерот го разнесува насекаде. Каде и да дувне ветер, тревата повторно расте. А еднаш кога ќе ви дојде до куќата, не можете да се справите со неа”, објаснува Глори.
По метењето, корнењето и употребата на косилка која се расипала бидејќи тревата ги блокирала сечивата, употребата на дувач за лисја и бројни други методи, таа едноставно останала без идеи.
Слична епидемија се случила во 2016. година, кога растението загрозило 20 домаќинства, но “никогаш досега не било вака лошо”.
Ново на Сител
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили