Свет
14. March 2017 - 9:02

„Шин Фејн“ побара референдум за отцепување на Северна Ирска од Обединетото Кралство

Северноирската партија „Шин Фејн“ соопшти синоќа дека сака да се одржи референдум за отцепување на Северна Ирска од Обединетото Кралство колку што е можно поскоро. 

Партијата го соопшти ова неколку часови откако шкотскиот прв министер Никола Старџен побара нов референдум за независност на Шкотска.

Оваа северноирска партија постојано настојува да биде организирано гласање за излез од рамките на Кралството и обединување со Република Ирска, откако Велика Британија во јуни минатата година одлучи на референдум да ја напушти Европската унија. 

Мнозинството гласачи во Северна Ирска на тој рефенредум гласале земјата да остане во Унијата. 

- Брегзит ќе биде катастрофа за економијата и за народот на Северна Ирска. Треба што е можно поскоро да се одржи референдум за обединување со Република Ирска, нагласи лидерката на „Шин Фејн“ Мишел О’Нил во Белфаст. 

- Британската Влада „продолжува да не го слуша мислењето на мнозинството и одбива да ги исполни ангажманите и договорите“, наведе О’Нил.