Македонија
30. September 2016 - 17:08

Шимон Перес погребан е денеска во Ерусалим, присуствуваше и премиерот Емил Димитриев

Поранешниот израелски претседател и премиер, добитникот на Нобеловата на града за мир Шимон Перес денеска беше погребан на националните гробишта во Ерусалим.

На погребната церемонија присуствуваа голем број на светски лидери од 70 земји во светот, меѓу кои и палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека собирот на светските лидери е тестамент за неговиот оптимизам, потрага по мир и љубов кон Израел.

На меморијалната церемонија денеска присуствуваше и премиерот за спроведување избори Емил Димитриев.

Тој лично му изрази сочувство на израелскиот колега Бенјамин Нетанјаху за смртта на Шимон Перес. Ваквиот чин е израз на високо пријателство меѓу Македонија и Израел и на обострана почит меѓу двете земји и двата народи.

Македонија со Израел има соработка на многу теми и во 2008-ма година има потпишано билатерална декларација за зајакнување на соработка во областа на безбедноста, договор кој е сличен на Декларацијата што Република Македонија ја потпиша со САД. Истата година Израел ги укина визите за македонските граѓани. Во 2015та беше потпишана и Декларацијата за пријателство која има стартегиско значење.

Нетанјаху тогаш истакна дека двете држави имаат заедничко пријателство кое треба да се искористи за понатамошно продлабочување на соработката во повеќе полиња.

Македонија и Израел како две пријателски земји имаат соработка во областа на економијата, земјоделството, иновации и технолошки развој и многу други сфери.