Шилегов: Во вториот изборен круг ќе издвоиме голема победа
Кандидатот и актуелен градоначалник на Град Скопје поддршан од СДСМ и Коалицијата Петре Шилегов денеска порача дека во вториот изборен круг влегуваат изедначено и оти ќе имаат голема победа.
Шилегов на прес-конференција го оцени вчерашниот изборен ден како успешен и како празник на демократијата и им честиташе на сите кандидати за резултатот во првиот круг и на граѓаните кои излегоа на гласање.
– Сакам да се заблагодарам на поддршката на секој граѓанин во првиот изборен круг. Во вториот изборен круг влегуваме изедначено. Скопје мора да продолжи напред и јас силно верувам дека скопјани во вториот изборен круг ќе излезат во многу поголем број и ќе дадат поддршка за политиките што Скопје за четири години целосно го променија. Реализиравме огромен број проекти во интерес на граѓаните, решававме и решивме децениски напластени проблеми во градот. Работевме за сите граѓани подеднакво и Скопје стана конечно единствен град, рече тој.
Ги повика сите граѓани кои од одредени причини не излегоа на гласање, во вториот круг масовно да излезат и да гласаат.
– Јас сум убеден дека заради ова и заради поголемиот коалициски капацитет во вториот изборен круг ќе извоиме голема победа. Госпоѓа Арсовска е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и по анализа на резултатите го достигна истиот резултат што ВМРО-ДПМНЕ го имаше во Скопје на Парламентарните избори лани. Коалицискиот капацитет што го имам јас бидејќи е капацитет коалициски со граѓаните е многу поголем и поуспешен и верувам во победа на изборите.Јас како и секогаш се потпирам на гласовите на граѓаните, потенцира Шилегов.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор