Македонија
16. May 2021 - 13:35

Шилегов: Во недостиг на понуда за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да креира скандали

 Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ги оцени како предизборни активности за негово оцрнување обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека не објавувал тендери и договори за набавките во Градот. Тој вели дека во градот сите постапки биле спроведени согласно законите.

-ДПМНЕ во изминатите три и пол години не успева, бидејќи не постои, да создаде скандал во институцијата Град Скопје, ниту да врзе некаков скандал со мене како градоначлник. Јас сум свеен, но и скопјани се свесни дека веќе влегуваме во предизборите за локалните избори. Очигледно немајќи понуда и начин како да одговорат на новите градски политики и активностите на градот, ќе се обидат да креираат скандали како што беше противпожарната скала или денешното обвинување дека не сме објавиле тендер за чистење на депонијата во Визбегово, рече Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање по промоција на акцијата за вежбање во Скопје.

Тој вели дека со ова, од ВМРО-ДПМНЕ признале дека деценискот проблем со депонијата во Визбегово е решен и таа е исчистена.

Дополнително, рече, ако го познаваат законот ќе знаат дека доколку некој тендер или договор не биде објавен на страницата, самиот систем ја блокира институцијата.

Тој нагласи дека овие напади се очекувани во предизборие, затоа што немаат понуда за граѓаните, поради што, како што рече, ќе се обидат да создадат слика дека тој е кримиалец или дека во Градот не се работи исправно.