Македонија
1. March 2021 - 13:03

Шилегов: Во мај очекувам да почнат градежните активности за реконструкција на Универзалната сала

Универзалната сала ќе се реконструира во постојниот изглед и габарит и очекува градежните работи да почнат во мај, изјави денес скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

„На мое и општо големо задоволство промовираме проект за реконструкција на Универзална сала. Од буџетот се издвоени 120 милиони денари. Универзална беше, е и очигледно останува омилена културна институција на многумина скопјани. За мене тоа е доволна причина и мотив за повторно отворање на нејзините врати. Ќе биде реконструирана во постојниот габарит задржувајќи го својот автентичен изглед. Идејата да ја сочуваме во постојната форма и локација дојде по опсежна и отворена дебата и недвосмислено изразување на волјата на јавноста. Наш приоритет е да ја отвориме оваа сала во нејзиниот полн капацитет во текот на оваа година. На 8 март ќе ја примиме донацијата на изведбениот проект, со што ќе има услови за распишување на тендерската постапка и во текот на мај очекувам да почнат градежните активности“, рече Шилегов.