Шилегов: Ветувањата од другата страна за брзо лесно спроведување работи се сериозно незнаење за менаџирање проекти
Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов во Тема на денот на Сител Телевизија во однос на реализацијата на проектите во претходниот мандат рече дека не се тоа проекти кои се започнати изминатите месеци.
- Басрапид транзитот кој што e доведен во реализација е работа која што е работена две и пол години, потсетувам 30 години претходно само се зборуваше за таа работа и за две и пол години го доведовме до фаза на рeализација.Со потпишан договор, со ЕБРГ, потврда од Собрание, парите се тука, финансиската конструкција е тука и тоа е нешто што неминовно ќе следи во нашиот град.
Завршивме еден, започнавме два моста, завршивме 4 нови булевара, ја работиме најсложената комплексна сообраќајница на Момин Поток, така што ветувањата што доаѓаат од другата страна за брзо лесно спроведување на вакви работи едноставно сериозно незнаење за тоа како се менаџираат определени комплексни проекти и брзите ветувања се всушност брзоплети ветувања, вели Шилегов.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска