Македонија
30. October 2017 - 14:40

Шилегов се сретна со претставници на штабот за зимско одржување на улиците

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска се сретна со претставниците на градскиот штаб за зимско одржување на сообраќајниците во Скопје.

Од Град Скопје соопштија дека на средбата присуствувале членовите на штабот од градската администрација, скопските општини, градските јавни претпријатија, сообраќајната полиција и од други субјекти вклучени во организацијата и одржувањето на улиците.

Средбата била прва координација на која заеднички се разгледале тековните состојби и неопходните чекори кои ќе треба да се преземат во техничка, материјална и во персонална смисла, а со цел што поподготвено да се стартува на почетокот на сезоната од 15 ноември. 

За таа цел, како што се наведува, било побарано да се решат сите приоритетни проблеми, а координациите ќе продолжат и во наредниот период кој претстои до почетокот на сезоната, со што би се постигнал повисок степен на подготвеност. За да се постигне поголем ефект во одржувањето на улиците и на јавните површини во зимски услови, градоначалникот Шилегов за зимското одржување ќе разговара и со градоначалниците на скопските општини, во делот на нивната надлежност на првата координација, стои во сооштението.