Македонија
14. October 2021 - 19:29

Шилегов: Постојат сериозни проценки дека трката во Скопје може да заврши уште во недела

Петре Шилегов актуелниот градоначалник на Скопје во Тема на денот на Сител телевизија, во однос на тоа дали очекува подршка во вториот круг од изборите од некој од против кандидатите рече дека постојат сериозни проценки дека трката во Скопје може да заврши во недела.

- Јас кажав во оваа кампања јас не разговарам со моите противници, јас разговарам со скопјани, за мене скопјани се поважни од било кој кандидат во политиката, кажа Шилегов.