Македонија
4. May 2021 - 16:38

Шилегов побара од ДКСК да ја преиспита набавката на противпожарна скала

По направена теренска анализа противпожарната бригада побарала ваков тип на скала на меѓународен тендер на кој се јавила само една унгарска компанија. Опремата е иста како на загребачката противпожарна бригада но со дополнителна опрема. Првиот човек на противпожарната служба во Скопје тврди дека набавката на скалата која чини 1,7 мил. евра се провлекувала од 2010г откако е ставена во јавни набавки. Побарани биле и три возила во 2019та но не биле одобрени од бирото за управна контрола при јавни набавки.

Во јавноста следеа остри реакции по купувањето на оваа скала. Опозицијата направи споредба со исто вакво возило во службата во Загреб кое било платено двојно помалку од истиот производител. Обвинуваат дека половина милион завршиле во нечиј џеб.

Скопскиот градоначалник на обвинувањата одговори со повик до ДКСК да проверат дали имало нерегуларности во набавката. Шилегов истакна дека ова е прво модерно возило што по 27 години го добива противпожарната служба а со тоа се инвестира во поголема безбедност на граѓаните

Од ДКСК за Сител велат доколку постојат елементи секако ќе отворат предмет за овој случај.